Девојче му одржа лекција на директор на „Мекдоналдс“

Од:

Деветгодишната Хана Робертсон му одржа лекциија на директорот на „Мекдоналдс“ Дон Томпсон.

– Убаво би било да престанете да ги привлекуваат децата цело време да ја јадат вашата храна, изјави Хана на средбата со Робертсон.

Таа во седиштетое на „Мекдоналдс“ пристигнала со својата мајка и ја прочитала напишаната изјава:

– Господине Томпсон дали не сакате децата да бидат здрави и да можат да живеат долг и среќен живот?, запрашала Хана.

Директорот одговорил дека и неговите деца јадат во „Мекдоналдс“.

– Покрај тоа немаме маркетинг кој неправедно е насочен кон децата. Продаваме многу овошје и зеленчук и се обидуваме да продаваме уште повеќе, навел Томпсон.

Мајката на Ханам, Киа има блог за здрава исхрана, а во седиштето на „Мекдоналдс“ присуствуваше на конференција со другите членови на Меѓународното здружение за корпоративна одговорност, кое се обидува да го запре „предаторскиот маркетинг на компаниите насочен кон децата“.

Би можело да ве интересира

Пропадна бизнисот на Мекдоналдс со вештачко месо: Никој не сака лажни хамбургери

А1он

„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Катерина Ѓуровски

„Вкусно и точка“ e рускиот пандан за „Мекдоналдс“

Катерина Ѓуровски

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

А1он