Атеистите во рамки на натпреварот кој го распиша организацијата Atheist Mind Humanist Heart, напиша своја верзија на Десет заповеди, кои ги избраа 13 судии.
Екипата предводена од познатиот Разбивач на митови Адам Севиџ имаше тешка задача да ги избере најдобрите меѓу повеќе од 2.800 предлози. Но на крајот тие успеале и избраните поделија награда од десет илјади долари.
Еве ги Десетте заповеди од атеистички агол, а вие одлучете дали можете да се согласите со нив, пренесуваат хрватските портали.
1. Бидете со отворен ум и менувајте ги своите уверувања согласно новите докази.
2. Тежнејте кон разбирање на она што најверојатно е вистина, а не верување во она што сакате да е вистина.
3. Научните методи се најверодостоен начин на разбирање на природниот свет.
4. Секое лице има право да го контролира сопственото тело.
5. Бог не е неопходен за да бидете подобра личност или да живеете целосен и значаен живот.
6.Водете грижа за последиците кои ги предизвикуваат вашите постапки и ги препознајте дека за нив морате да преземете одговорност.
7. Постапувајте кон другите онака како што сакате тие да постапуваат кон вас и на начин на кој е разумно да се очекува како сакаат кон нив да постапувате. Имајте ги на ум нивните ставови.
8. Наша одговорност е да се грижиме за другите, а тоа ги вклучува и идните генерации.
9. Не постои само еден исправен начин на живеење.
10. Оставете го светот подобро место отколку што сте го нашле.