Десет работи за кои се предвидува дека ќе се случат до 2050 година

Од:

Иднината може да се предвиди ако се анализира сегашноста и ако се земат во предвид прогнозите на експертите. Така ќе мозе да се предвиди како ќе изгледа светот до 2050 година. Овие десет настани речиси сигурно е дека ќе се случат во наредните 30 години.

Нови држави

Откако Бугенвил прогласи независност од Папуа Нова Гвинеја на референдум на крајот на 2019 година (дури 98 проценти од важечките гласачки ливчиња беа заокружени со „да“), наскоро може да очекуваме да се зголеми бројот на држави во светот.

Историскиот референдум беше необврзувачки и наскоро за независноста ќе почне да се преговара помеѓу лидерите на Бугаинвил и Папуа Нова Гвинеја. Покрај тоа, во 2020 година, на референдум треба да излезат и жителите на островот Нова Каледонија, кои ќе одлучуваат дали ќе остане во Франција или ќе стане независна држава.


Нова највисока зграда во светот

Зградата Бурџ Калифа висока 828 метри неодамна го прослави својот десетти роденден. Нејзината изградба започна во 2004 година и траеше шест години. Оваа зграда во Дубаи во моментов се смета за највисоката зграда во светот, но не уште долго. Изградбата на кулата Џеда , која се наоѓа во Саудиска Арабија, треба да заврши во 2021 или 2022 година. Кулата Џеда чии темели беа поставени во 2013 година, ќе биде висока 1.000 метри и ќе има преку 200 спрата.

Вселенски хотели

За авантуристи кои имаат сметки полни со пари, почетокот на новата декада ќе донесе и нови начини да ги потрошите тие пари. До неодамна, вселенскиот туризам беше само фантазија, а сега станува реалност. Спејс експрес веќе има планови да донесе среќен јапонски милијардер на патување околу Месечината во 2023 година.

Минатото лето, НАСА објави дека Меѓународната вселенска станица е официјално отворена за деловни активности за сместување на гости во текот на ноќта. Покрај тоа, до 2025 година треба да се отвори првиот вистински вселенски хотел – ротационата вселенска станица фон фон Браун.

Завршување на изградбата на Саграда Фамилија

Симболот на Барселона и една од најпознатите градби во светот, Саграда фамилија, конечно треба да биде завршена во 2026 година. Зачудувачки е што градот Барселона официјално издаде одобрение за градба на оваа катедрала во 2019 година, иако нејзиниот автор Антонио Гауди аплицираше за тоа уште во 1885 година.

Изградбата треба да заврши на 100-годишнината од неговата трагична смрт. Имено, овој архитект и ексцентричен генијалец настрада во 1926 година од трамвај.

Венеција останува без жители

Романтична Венеција со години полека тоне, а се предвидува дека до 2028 година животот во неа ќе стане невозможен. Зголемувањето на нивото на морето, потпомогнато од климатските промени, предизвика невидено поплавување минатата година во еден од најпопуларните градови меѓу туристите.

Венеција, позната по своите мостови, канали и плоштади со архитектура која датираат од средниот век и ренесансата, се очекува да биде целосно под вода до 2100 година.

Намалување на мразот на Арктикот

Порастот на глобалните температури предизвикуваат да се топи што повеќе мраз на половите, а се предвидува драматично намалување на површината на мразот на Арктикот. Северниот леден океан би можел да остане целосно без мраз до 2030 година, велат експертите.

Затоплувањето веќе предизвика пораст на нивото на морето, како и проблеми за човечките заедници и животинските видови кои живеат на северот на планетата. Последните неколку години се забележуваат денови кога температурите на Арктикот се искачува и до 20 степени над просекот.

Квантна телепортација во Русија

Руските научници најавија дека успешно ќе извршат квантна телепортација до 2035 година. Но, немојте веднаш да размислувајте за сцени од „Стар Трек“. Ова не е за моментална телепортација на цврсти предмети низ вселената.

Квантна телепортација вклучува создавање на сигурен комуникациски систем кој ќе ја пренесе поларизираната состојба на фотоните низ вселената.

Откривање на убиството на Џон Кенеди

Ознаката „Строго доверливо“ ќе биде отстранета од многу документи кои се однесуваат на убиства во Кенеди во 2038 година
Во 2038 година, американскиот Национален архив конечно ќе ја отстрани ознаката „строго доверливо“ од голем број документи за атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди. И покрај фактот дека според официјалната верзија на убиството на Кенеди, виновникот бил Ли Харви Освалд, има бројни прашања и загрижености во врска со злосторството, како и теории на заговор за вмешаност на ЦИА и други тајни служби.

Има многу што не веруваат дека Освалд дејствувал самостојно. И додека за дел од документите беше тргната ознаката за тајност во 2017 година, остатокот од документацијата е заклучена до 2038 година.

Експериментален термонуклеарен реактор

Изградбата на Меѓународниот термонуклеарно експериментален реактор започна во Кадараш во јужна Франција во 2007 година на оддалеченост од околу 64 километри од Марсеј. Тоа е најголемиот светски експеримент за фузионирање. Овој реактор треба да биде многу побезбеден од традиционалните нуклеарни реактори затоа што во случај на несреќа, емисијата на зрачење не треба да биде висока. Реакторот е дизајниран да произведе 500 мегавати излезна моќност со 50 мегавати влезна моќност, односно да произведува 10 пати повеќе енергија отколку што троши.

Колонизацијата на Марс

Се верува дека до 2050 година на Марс ќе стапнат првите колонисти од Земјата. Тие би можеле да пристигнат на Црвената планета како дел од проектот „Марс Еден“, или можеби со користење на едно од вселенското леталљ „Спејс екс“, но научниците ќе треба да решат многу проблеми пред тоа.

Спејс екс веќе работи на изградба на вселенско летало што треба да ги испрати првите колонисти на Марс. Основачот на оваа компанија Илон Маск е убеден дека до 2050 година е можно првиот град да се појави на Марс.

Би можело да ве интересира

Лансирањето на роверот „Упорност“ на Марс е одложено за 22 јули

Ана Ололовска

НАСА нуди виртуелна прошетка низ Марс

Ана Ололовска

(ВИДЕО) НАСА сними панорама од Марс со висока резолуција

А1он

Патувањето на Марс може да предизвика рак и деменција

Ана Ололовска

Илон Маск: Потребни ми се 1000 вселенски бродови за да изградам град на Марс

Ана Ололовска

Првиот град на Марс ќе се гради 20 години

Ана Ололовска