Посетителите на аквариум во Тајланд оваа недела беа изненадени кога видоа како Дедо Мраз плива, носејќи вреќа полна со храна, опкружен со риби.
Аквариумот во трговскиот центар во Бангкок беше последното место каде семејствата кои беа на шопинг очекуваа да го видат Дедо Мраз, опремен со перки, резервоар за кислород и маска за нуркање.
Рибите јадат од раката на Дедо Мраз, кој комуницира со посетителите и се фотографира со нив од другата страна на стаклото.
Децата беа најмногу воодушевени од неговиот изглед, а тој им мавташе од аквариумот.
Жената која се крие под облеката на Дедо Мраз е Ничакарн Саривонг, работничка во центарот, чија работа е да се грижи за рибите и да го чисти и одржува аквариумот.
– Божик е, затоа се облекувам како Дедо Мраз три или четири дена за време на празниците додека ги хранам рибите. Децата многу ја сакаат оваа претстава, рече Ничакарн.