Децата, кои се често боси растат во интелигентни луѓе?

Од:

Ако на своето бебе не му облекувате чорапи и чевли му давате шанса подобро интелектуално да се развива.

Само затоа што вам ви е студено не мора да значи дека и на вашите бебиња им е студено.

Родителите, кои на бебињата и на малите деца секогаш им облекуваат чорапи и чевли на некој начин го ограничуваат развојот на нивната интелигенција.

До овој заклучок дојдоа научниците од Универзитетот во Мадрид и го претставија во студијата „Босите деца се интелигенти деца“. Ова пред се се однесува на малите деца.

Според оваа студија, единствена реална причина за покривање на детските стапала е големиот студ.

Ова тврдење го поткрепија со неколку точки:

Пред се од невролошки аспект, стапалата на малите бебиња имаат ниво на чувствителност далеку поголемо од нивните раце, се до осмиот или деветтиот месец. Поради тоа никако не се препорачува на своето бебе да му ги покривате стапалата.

Според тврдењата на експерите, во првите месеци од животот, стапалата имаат задача бебето да го „информираат“ за се што е поврзано со надворешниот свет.

Подоцна со рацете ги фаќаат нозете, ги ставаат во уста, каде се најчувствителните нервни завршетоци. Истражувањето јасно покажа и дека обувките малите деца ги спречуваат да експериментираат, да ги допираат своите стапала, да ги проучуваат и слободно да ги движат.

Сето тоа секако ги претставува сензорите на доживување, кои го потикнуваат развојот на интелигенцијата кај бебињата и им помагаат подобро да го запознаат светот околу себе.

Ова би требало да биде доволна причина да не ги облекувате своите бебиња, затоа што чевлите се слатки, туку само ако во просторијата во која престојувате е навистина студено.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он