Дали Тројанската војна навистина се случи во Турција?

Од:

Гардијан – Лондон

Рустем Аслан, главен археолог на локалитетот „Троја“, смета дека е на чекор до докажување дека токму тоа е местото на војната за која Хомер толку детално зборува во „Илијада“ и “Одисеја“.

– Не можеме да бидеме сто отсто сигурни дека Пријам, Ахил и Хектор живееле и загинале овде, но ако овде сте поминале 30 години, ден и ноќ, лето и зима, опкружени со овие пејсажи, ќе го почувствувате тоа. Ќе почнете да верувате, вели Аслан, кој на Троја работи уште од 1988 година, кога бил студент.

Урнатините на Троја се наоѓаат на околу еден час возење од Чанакале, град во северозападниот дел на Турција, кој се наоѓа во близина на Галиполе.

Ова место на ридот Хисарлик содржи остатоци од вкупно десет града (Троја од I до X), од кои најстариот е од 3000 година пред новата ера.

Најголем дел од ископувањата во последните две години беа фокусиран на областа директно крај патот до јужната порта на градот Троја VI од 14. век пред новата евра, како и на главниот влез во древната цитадела.

Пронајден е и пат од доцниот бронзен период, како и остатоци на куќи од истата ера, што укажува на тоа дека и надвор од градот постоело населено место.

Ископувањата ќе продолжат и наредната година, кога Аслан и неговите колеги ќе бараат докази дека на ова место некогаш во историјата се одиграла голема битка.

Археолозите веруваат дека Хомеровата приказна има основи во историјата и дека можат да се откријат низ детално ископување, читање литература и преку документите на Хетитската Империја, која постоела на таа територија и пропаднала кон крајот на бронзеното доба.

– Следната година ќе се обидеме да го разгледаме последниот слој од урнатините над цитаделата. Што им се случило, како се случило и кога се случило, вели Аслан.

Турција се надева дека, доколку се пронајдат цврсти докази дека тоа било местото на битката, ќе привлечат повеќе туристи на овој локалитет, кој претставува еден од најважните од античко време.

Министерството за култура на Турција ја прогласи 2018 година за година на Троја, а планира и со низа манифестации да ја промовира областа. Меѓу другото, ќе биде отворен и музеј со сите клучни артефакти пронајдени на овој локалитет.

Турција работи на тоа да се вратат сите вредни предмети најдени на Троја, кои се наоѓаат во музеите низ светот, познати како Пријамово богатство, односно колекција од златен накит, оружје, бокали и дијаманти.

Локалитетот е зачуван, со минимални интервенции, со исклучок на градежната реконструкција од кал и цигла во централната тврдина. Аслан вели дека сака посетителите можат да ги замислуваат ѕидовите и тврдината, како и борбата на Хектор и Ахил и во својот ум да ги видат Патрокле, Хелена и Парис и големата грчка војска во рамницата под цитаделата.

За него нема никаков сомнеж дека градот што е пронајден на ридот Хисарлик е Троја на Хомер и ги наведува следните докази: степенот на уништеност на градбата, пишани докази за Хетитскиот договор, кој го споменува кралот Александар (за кој се верува дека бил Парис, Тројанец чија љубов кон Хелена, кралицата на Спарта, наводно била причина за големата војна од грчкиот мит) и природната топографија, која одговара на описите од книгите на Хомер.

За некои, Тројанската војна не е само клучна легенда во западната книжевност, туку и приказна за судирите меѓу Истокот (го симболизираат Троја и Хетити) и Западот (го симболизираат егејските Грци).

Во овој конфликт, Аслан гледа многу лекции за денешниот свет. На уништувањето на Троја претходеле уште многу конфликти меѓу Хетејците, Микенците и Еѓипќаните. – Како тогаш, така и сега, нема победник. Токму како во војната во Сирија, вели овој археолог.

Тој гледа и паралела помеѓу бегалската криза и легендите во „Енеида“ на Вергилиј, спортед кои тројанските бегалци го населиле Западот и станале предци на Римјаните.

– Ова не е лесна работа и не може да се докаже што се се случило само врз основа на археолошки објекти, но додаваме еден по еден доказ, вели Аслан.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ