Дали интернетот е на прагот на колапс?

Од:

Интернетот полека но сигурно се движи кон „распаѓање на капацитетот“ бидејќи не успева да го одржи чекорот со бесконечната потреба за се побрз проток на информации, предупредуваат научниците.

Од таа причина водечки инженери, физичари и телекомуникациски компании биле повикани минатиот месец на состанок со цел да се обидат да утврдат како да се реши проблемот.

– „Бумот“ на интернет телевизијата, стриминг сервисот и се помоќните компјутери значително го зголеми товарот на комуникациската инфраструктура. Каблите и оптичките влакна кои испраќаат информации во нашите лаптопи, смартфони и таблет компјутери ќе го достигнат својот лимит во текот на следните осум години. Брзината на интернетот во последната деценија е пет пати зголемена, додека оптичките кабли го достигнале максимумот на својот физички капацитет и не можат да спроведат  повеќе светлина отколку сега, истакна Ендру Елис, професор од Астон Универзитетот во Бирмингем.

Интернет компаниите секогаш имаат можност за поставување дополнителни кабли, но таквата метода е премногу скапа.  Она што исто така претставува проблем е количеството на струја кое е потребно за пренос на податоци. Имено, колку е интернетот побрз, толку е потребно повеќе енергија.

– Интернетот сега троши исто количество енергија како авиоиндустријата – околу два отсто од потрошената енергија на развиените земји. И тоа за пренос на податоци. Ако на тоа се додаде електричната енергија која ја трошат електричните апарати, процентот се зголемува на осум отсто, додава Елис.

Поставувањето на нови кабли би значело дека може да останеме без енергија во рок од 15 години. 

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски