Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Од:

Град во американската сојузна држава Оклахома се согласи да плати отштета од седум милиони долари на поранешен осуденик на смрт, откако невин помина речиси 50 години во затвор, објави Фокс њуз.

Глин Реј Симонс (71) се смета за затвореник кој најмногу време поминал невин за злосторството што не го извршил.

Тој беше обвинет за грабеж на продавница за алкохол и убиство на работничка, но тврдеше дека бил во Луизијана во времето кога се случило злосторството.

Градскиот совет на Едмонд минатата недела гласаше да плати отштета од 7,15 милиони долари во тужбата на Симонс против градот и поранешен полициски детектив, објави АП.

„Господин Симонс помина трагично време во затвор за злосторство што не го сторил. Иако тоа време не може да се врати назад, спогодбата со градот Едмонд ќе му овозможи да продолжи напред“, рече адвокатката на Симонс, Елизабет Ванг.

Полицијата наводно фалсификувала извештај во кој се вели дека сведокот, кој бил ранет во пукањето, го идентификувал Симонс како виновник, како и кообвинетиот Дон Робертс, се наведува во тужбата, додавајќи дека полицијата сокрила докази кои покажуваат дека сведоците идентификувале уште две лица како осомничени.

Симонс беше ослободен од затвор во јули минатата година и досега има добиено 175.000 долари од државата Оклахома за погрешната пресуда.

Тој одлежа 48 години, еден месец и 18 дена затвор, најдолгиот затвореник во американски затвор кој всушност бил невин.

Симонс и Робертс беа осудени во 1975 година за убиство на работничка во подрумот за алкохол, Керолин Сју Роџерс, и двајцата беа осудени на смрт. Во 1977 година, нивните казни беа преиначени во доживотни, без можност за помилување.

Робертс беше пуштен на условна слобода во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски