Чистачка украла 60 милиони долари од богата наследничка

Од:

Мајка и син се уапсени за кражба на накит вреден околу 60 милиони долари од домот на Тамара Еклстон, ќерка на поранешниот извршен директор на Формула 1, Барни Еклстон.

Марија Местер (47), чистачка од Романија е обвинета, заедно со нејзиниот син Емил Богран Савастро, за заговор за сторено кражба. Двајца мажи кои претходно уапсени за грабеж се ослободени.

Кражбата се случила на 13 декември откако Тамара со сопругот и синот отишле во Лапонија за време на божиќните празници.Марија е уапсена на аеродромот, во момент кога наводно носела накит од 18-каратни дијаманти идентични со оној украден од богата наследничка.

Кај нејзиниот син, пак, била пронајдена Луј Витон чанта слична на онаа што Тамара ја пријавила за исчезната. Марија е уапсена на 31 декември, додека Емил Богдан бил уапсена претходниот ден додека се подготвувал да лета за Јапонија. Тие се задржани во притвор и треба да се појават на суд на крајот на месецот.

Од самиот почеток, полицијата се сомневаше дека грабежот го извршил некој однатре. Работниците на компанијата што се грижи за безбедноста на имотот Еклстон се присутни таму 24 часа, што не било случај во моментот на грабежот. Еден од чуварите го напуштил имотот непосредно пред грабежот, а другиот, наводно, ги исклучил или занемарил сензорите во градината.

За време на 50 минути разбојниците биле во куќата и успеале да најдат два добро сокриени сефови во плакарот. Разбојништвото се случило вечерта околу 11 часот, само неколку часа откако Тамара и семејството тргнале за нивниот божиќен одмор.

Богатата наследничка и нејзиното семејство живеат во близина на домот на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон во западен Лондон, а соседи им се и сопственикот на Челзи, Роман Абрамович и султанот на Брунеи.

Би можело да ве интересира

Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Шри Ланка откриен најголемиот сафир во светот, тежок 310 килограми

Ана Ололовска

Индиски селанец ископа дијамант и преку ноќ стана милионер

Ана Ололовска

Најголемиот дијамант е продаден на аукција во Женева

Ана Ололовска