Чилеански научници тврдат дека создале вакцина против алкохолизмот.
Еднократното инјектирање на „антиалкохолната вакцина“, која има дејство шест месеци, предизвикува симптоми на голем мамурлак по внесувањето дури и на најминимално количество алкохол.
Вакцината дејствува врз основа на спречувањето на синтеза на клучниот протеин, кој се смета дека е одговорен за развивањето на алкохолизмот.
Овој месец се очекува да започнат тестирањата на вакцината врз лабораториски глувци. Во ноември во Индија треба да започнат првите клинички тестови.
Вакцината би можела да се појави на пазарот за две години.