Четврти Саем за деца

Од:

Голем број едукативни игри, конкурси, натпревари, мини детска олимпијада, дружење со македонските фудбалски ѕвезди, претстави, детска модна ревија, како и попусти ќе понуди четвртиот Саем за деца што од денеска до 23 ноември се одржува во Скопје Сити Мол.

Како што информира организаторот, Саемот е замислен како најголем собир на деца од различни возрасти, кои заедно со нивните родители ќе минат четири дена исполнети со креативни и забавни содржини. Дел од настаните кои ќе се одржат во следните четири дена се концерт на Златните славејчиња, хип хоп level.up работилница со Ритам Плус, квизови на знаење, детски олимписки игри, надополнети со уникатна парада на декорирани бебешки колички, бебешка трка во лазење и трка со дубачиња, како и несекојдневна детска модна ревија.

На вториот кат кај одделот за храна ќе биде поставено мини фото студио, каде ќе бидат фотографирани сите заинтересирани деца кои би можеле да станат лица на календарот на Скопје Сити Мол за 2015 година, насловен „Биди ѕвезда во 2015”. Фотографирањето, кое ќе се спроведе во деновите на траење на Саемот за деца, е првата фаза од изборот на детски ликови. По фотографирањето, ќе бидат избрани 24 лика, за кои ќе може да се гласа на социјалните мрежи, а 12 од нив ќе бидат дел од големата фотосесија за календарот, која ќе биде реализирана од македонската фотографка Маја Аргакиева.

За децата до петгодишна возраст е резервирано катчето на Сити кидс клубот каде ќе се бои, игра и моделира, а за оние поголемите, пак, е предвидена забава во Game Zone, местото на вториот кат каде ќе се плете со гумени ластичиња, ќе се составуваат четири бои во низа и ќе се игра последната хит игра на Сони, Sky Landers. Посебни физички активности за психо-моторика на деца до седум години ќе бидат организирани во текот на целиот саем.

Би можело да ве интересира

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ