Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Од:

Обид за киднапирање на деца во основно училиште во Карбинци, бил пријавен од ученици денеска. Според информациите, машко лице со возило со скопски таблички дошло до училишниот двор, пришло на ученичка и ја повикало да оди со него на кафе.

Девојчето се исплашило и побегнало назад во училиштето и веднаш пријавило. За среќа не успеал во намерата и го напуштил училиштето, по што веднаш било пријавено во полиција.

од МВР за А1он го потврдија настанот.

„ Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот.“ велат од МВР

Неуспешниот обид за киднапирање го потврдува и директорката на училиштето „Страшо Пинџур“, Наталија Костова која во кратка изјава за ТВ Стар објасни дека возило со скопски регистарски таблици се обиделе да ги киднапираат деца во училишниот двор, но кога не успеале избегале. Директорката во изјавата појаснува дека се работи за две деца, едното од турска и другото од македонска националност.

Телевизијата објавува и снимки од пред училиштето.

Телевизија Стар објави и изјава од градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов кој вели „Имаше обид за грабнување на две деца од училиштето. Обидот е спречен, но не загрижува дека безбедноста е доведена до знак прашалник за децата во училиштата, но и за граѓаните на јавните места каде се движат“.

Случајот е снимен на видеонадзорот поставен на училишниот објект. Градоначалникот апелира МВР да ги зголеми своите контроли и сериозно да го сфати овој случај. Вели дека во неговата општина одамна не патролираат полициски екипи.

Децата се добро и во моментов се со своите родители. Едното од нив е шесто а другото деветто одделение.

Од МВР, сепак потенцираат дека случајот се води засега само како „пријавен настан“ и се работи на негово расчистување. И апелираат да не се шири паника. „ Пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он