HTC на 17 јануари ќе го претстави својот досега најмоќен мобилен телефон Butterfly кој ќе биде со full HD резолуција 1080×1920 пиксели.
Во јавноста се појавија и првите фотографии од телефонот кој ќе биде со 5-инчен екран.
Поседува камера од 8 мегапиксели со снимање на HD клипови од 30fps. Ќе работи на Android OS, v4.1 (Jelly Bean).
Quad-core 1.5 GHz Krait процесор и 2GB RAM меморија, а ќе го напојува батерија од 2020 mAh.