Еден од најголемите холивудски блокбастери во 90-тите години на минатиот век е филмот „Армагедон“. Во ова остварување од 1998 година, главната улога ја има Брус Вилис кој со својата екипа се обидува да уништи голема карпа која се движи кон Земјата.
Еден од највпечатливите кадри од филмот е оној кога главниот лик облечен во вселенско одело, заедно со остатокот од својот тим чекори кон ракетата со која треба да отидат во вселената.
По 22 години, Брус Вилис повторно го облече истото одело. Во ова издание го сликала ќерка му Румер, а фотографијата ја објави на Инстаграм.
– Тој рече дека ова негово одело е за спасување на планетата Земја, напишра Румер и ја постави сликата.
Актерот носи и заштитна маска.