Британска пензионерка не знаела дека во градината одгледува канабис

Од:

Патриша Хјуитстон не го знаела потеклото на мистериозно растение кое изникнало во нејзината градина. За да најде одговор се обратила за помош до Би-Би-Си во емисијата „The Potting Shed“.

Имено, пензионерката на водителите од емисијата им испратила е-маил со фотографии од растението кое било висок еден метар, по што тие ја известиле дека станува збор за канабис.

– Сметаме дека одгледувате илегално растение во својата градина и мора нешто да преземете по тоа прашање, и рекле водидителите на емисијата во живо.

Изненадената пензионерка потоа додала дека растението има има интезивен мирис. За првпат го забележале во јули, по што го прашала сопругот, кој инаку студирал ботаника, за кое растение станува збор, а тој и рекол дека „тоа не е ништо за кое би требало да биде загрижена“.

Растението потоа и го оддземале, а локалната полиција донела одлука да не презема никави правни мерки против Хјуитстон, затоа што немала никава намера за поседува легална дрога.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он