Бренсон: Вработените треба сами да го одредуват траењето на годишниот одмор

Од:

Луѓето би требало да одат на одмор од работа кога ќе посакаат, напиша милијардерот Ричард Бренсон во неговата нова книга „The Virgin Way: Everything I know about leadership“.

– Вработениот треба самиот да реши кога сака да оди на одмор. Тие треба сами да одлучат дали ќе биде тоа неколку часа, неколку денови или еден месец, напиша Бренсон.

Бренсон некои делови од неговата книга ги објави на својот блог и најави дека тој принцип на работа ќе го воведе за вработените во неговата компанија „Вирџин“ во САД и Велика Британија. Тој смета дека планот би успеал под претпоставка вработените да одат на годишен одмор кога мислат дека тоа нема да влијае врз нив или работата, објави „Дејли Мејл“.

На ваквата идеја Бренсон дошол кога го видел написот за тоа како „Нетфикс“ не ги ограничува годишните одмори на неговите вработени. Тој е присетил и дека ќерка му му рекла оти има пријатели чии работодавци го сторике истото и забележале позитивни резултати – зголемен моралот, креативност и продуктивност.

Бренсон не е прв милијардер кој јавно се залага за поголема флексибилност меѓу работниот и приватниот живот. Коосновачот на Јутјуб, Лери Пејџ во едно неодамнешно интервју рече: Ако навистина размислувате за работи кои ви требаат за да бидете среќни – како што е куќа, сигурност и можности за вашите деца, нам не ни е тешко да ви ги дадеме. Идејата дека секој треба фанатично да работи за да ги задоволи човечките потреби, едностано не е вистина.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он