Тунижанка во своите 30-ти години е бремена со рекордни 12 бебиња. Таа очекува шест момчиња и шест девојчиња.
Тврди дека се чувствува добро и дека единствената желба и е да ги гушне децата.
Само сакам шанса да ги гушнам бебињата и да им ја пружам мојата љубов – му кажала таа на персоналот во болницата во Гафс.
Стручњаците предупредуваат дека природно породување не доаѓа предвид во овој случај и дека стравуваат како жената ќе го издржи напорот од носењето на дури 12 бебиња. Можно е, како што велат, до породување да дојде веќе во 20-та недела од бременоста.