Богата програма за четвртиот Скопски цветен фестивал

Од:

Во сабота и недела наспроти „Веро 2“ во Тафталиџе, во Паркот Македонија ќе се одржи четвртиот Скопски цветен фестивал 2017 во организација на Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Според официјалната програма на Паркови и зеленило, посетителите на фестивалот во текот на двата дена, ќе имаат можност да погледнат и да купат цвеќе и цветни аранжмани, да учествуваат во работилници за цртање, садење цвеќе, изработка на цветови од хартија, цртање на текстил, ќе можат да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да се дружат на отворено и да се забавуваат.

Фестивалот ќе го збогатат голем број изложувачи, меѓу кои Флораком, Green planet, Хорти експерт, Пинар С, Хорти дизајн, Китка, Биро проект, Цвеќарница „Дамбо“, Цвеќарница „Жереми Про“, Хербалајзер, Кактус гарден, Indoor garden, Фоја, Шумарскиот факултет, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Здравко Цветковски“, ДСУ „Лазар Личеноски“ и Аквамонт.

За забавниот дел од фестивалот се најавуваат многубројни изведувачи и музички групи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески