Блекбери отпушта 35 отсто од вработените

Од:

Блекбери ќе подели дури 4.500 откази поради финансиската загуба, која од 930 милиони долари во второто тромесечје се искачи на неверојатни 960 милиони долари.

Отпуштањето на речиси 35 отсто од работната сила потврдено е два дена откако Вол Стрит Џурнал најави драстични кастрења во компанијата.

Последиците од лошото работење дојдоа на наплата со кусо запирање на тргувањето со акциите на компанијата.

Непосредно пред стопирањето на продажбата секоја акција вредеше 10,75 долари, односно дури 90 проценти помалку отколку пред пет години или 48 отсто помалку отколку пред само една година. По продолжувањето на тргувањето, акциите забележаа дополнително опаѓање од 21 процент.

Освен загубата, која во второто тромесечје е три пати поголема од очекувана, не се одвиваше според планот и предвидената испорака на паметни телефони, па така испорачани се вкупно 5,9 милиони.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ