Бизнисот им процвета на Турците по смртта на кралицата: Испратиле над 13 тони цвеќe во Велика Британија

Од:

Турските цвеќари сега користат товарни авиони наместо камиони за да испратат што е можно повеќе цвеќиња во Велика Британија.

Нарачките за цвеќе се зголемија за 90 отсто откако умре кралицата, рече Селчук Челеби, член на стоковната берза во Анталија, додавајќи дека турските цвеќари можеле да задоволат само околу 40 отсто од побарувачката.

Зголемувањето на побарувачката ги натера цвеќарите да ангажираат авиони за нивните испораки во Британија, која трае еден ден, во споредба со една недела што ја земаат со камиони, рече Челеби.

„Туркиш карго“, филијала на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ објави дека почнала да испорачува повеќе од 500.000 цвеќиња, тешки околу 13 тони, во Англија за погреби од турските провинции Анталија и Испарта.

„Од почетокот на неделата турски карго до Лондон достави околу четири тони цвеќе“, се наведува во соопштението.

Во периодот од 5 до 12 септември официјалните податоци покажуваат дека извозот на цвеќе од Турција во Англија е зголемен за 40 отсто во однос на минатата година, наведува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски