Бил Гејтс: Роботи ќе им ја земат работата на луѓето

Од:

Бил Гејтс на форумот на Американскиот институт за претпријатија, кој оваа недела се одржа во Вашингтон рече дека и владата и фирмите мора да се подготват за иднината во која поради програми и роботи, луѓето ќе останат без работа.

-Програмите напредуваат и ќе ги заменат, возачите, келнерите, медицинските сестри. Технологијата со време ќе ја намали понудата за работа. За дваесет години, потребата за работна сила во многу области ќе биде значително намалена. Мислам дека луѓето се уште не се свесни за тоа- рече тој.

Гејтс смета дека она што владите би требало да го направат за да ги спречат социјлните немири и будењето на масата невработени, е буквално да клекнат на колена и да ги молат компаниите да продолжат да вработуваат луѓе, а не алгоритми.

Тоа значи елиминирање на платните списоци и даноци на доход со плаќање на минимална дневница, со цел претпријатијата да продолжат да ги вработуваат луѓето за мали плати наместо работата да ја префрлат на „iPad“.

Покрај тоа, тој рече дека напредокот на технологијата нема да да биде закана само за работните места на неквалификуваните работници, туку и за административците, сметководителите, агентите за недвижнини и пилотите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Извршниот директор на фондацијата Гејтс најави најголем годишен буџет досега

А1он

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

Бил Гејтс: Пандемијата го запре напредок во борбата против сиромаштијата

Ана Ололовска

Украдени речиси 25.000 лозинки од СЗО, фондацијата Гејтс и Институтот Вухан

Ана Ололовска

Гејтс ќе донира 460 милиони долари за локални училишта во САД

Ана Ололовска

Роџер Федерер и Бил Гејтс непобедлив тандем

Наум Локоски