Би-би-си: Откриена нова раса на древни луѓе на Филипините

Од:

Нова раса на праисториски луѓе е пронајдена на најголемиот филипински остров Лузон, кои го добија името Хомо лузоненсис, јави Би-би-си.

Кај скелетот има закривеност на големиот ножен прст, што посочува дека искачувањето било важен елемент во животот на овој далечен предок на човекот.

Физичките карактеристики на новооткриениот вид се нешто меѓу оние кај неговите древни предци и денешниот човек. Тоа можеби значи дека примитивните наши роднини ја напуштиле Африка и стигнале до југоисточна Азија, што некои го сметаат за невозможно.

Ова откритие укажува и на тоа дека еволуцијата на човекот била прилично сложена, со три или повеќе „човечки видови“ на ова подрачје при доаѓањето на нашите предци. Една од тие раси е Хомо флоресиенсис, со скоро џуџест раст, кои живееле на индонезискиот остров Флорес до пред 50.000 години.

Островот Лузон е оддалечен од Флорес околу 3.000 километри.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов