Актерката се прослави со улогата на згодната Каролин Холден во серијалот „Чувари на плажа“, но со години не се појавува во јавноста. Таа долго време се бореше со зависноста од дрога, според „Сан“, по што се повлече од јавниот живот и скоро 17 години не е сликана.
Сепак, Јасмин се чини дека е задоволна со нејзиниот живот, а неодамна фотографите ја сликаа на прошетка со кучето.
Таа сними вкупно 72 епизоди за пет години и се појави во неколку филмови и ТВ серии. Улогата во „Чувари на плажа“ и помогна да ја лансира нејзината колекција за костими за капење.
Таа продолжи да глуми во други серии, но нејзината зависност започна да влијае на кариерата. Режисерите ја ставија на „црна листа“ затоа што се сметало дека работата со нејзе е премногу напорна.
Актерката се пријавила во клиника за рехабилитација во Малибу, но набрзо ја напуштила и започнала повторно да се дрогира. Во 2001. година е уапсена откако полицијата пронашла кокаин кај нејзе, по автомобилска несреќа.
Јасмин признала вина и се спогодила на две години условна казна. Додека била на одвикнување од дрога се запознала со Пол Серито, за кого Јасмин се омажи во 2002-та година.