Бела Хадид стана заштитно лице на „Најк“

Од:

Топ моделот Бела Хадид реши да тргне по стапките на својата сестра Џиџи, која веќе некое време работи за „Рибок“, па така стана ново заштитно лице на „Најк“.

Дваесетгодишната манекенка ја соопшти оваа вест на социјалните мрежи, објавувајќи слика од својот плакат поставен во Њујорк.

Бела Хадид стана заштитно лице на „Најк“

– Прилично сум возбудена што можам да објавам дека и официјално станав дел од семејството „Најк“. Наскоро следат уште изненадувања, напиша Бела во придружниот коментар.

Манекенката пред неколку дена доби и понуда од „Викторија Сикрет“ да зачекори на нивна модна ревија.

Она што посебно ќе ги интересира нејзините машки фанови е дека таа неодамна раскина со Абел Тесфаје, за да се фокусира на својата кариера.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска