„Баскерфест“ вечер во Крива Паланка

Од:

Граѓаните на Крива Паланка вечер ќе можат да уживаат во неколкучасовната програма која ќе ја приредат акробатите од „Баскерфест 2017“.

Програмата започнува во 19 часот на плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на локалната самоуправа, а најавени се настапи на 30-тина акробати и артисти од разни земји од светот.

– Традиционално вечер во нашата општина гостуваат уметниците од најголемиот и најпопуларен уличен фестивал во светот „Баскерфест“. Жонглери, акробати, магионичари и други уметници од светот ќе ги покажат своите вештини пред паланчани. Ги повикувам да бидат присутни на плоштадот вечерва, не само моите сограѓани, туку и жителите од целиот Североисточен регион кои ќе имаат можност да поминат една забавна летна вечер, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

„Баскерфест“ гостува во Крива Паланка четврта година по ред.

– „Баскерфест“ е само најава на богатата културна понуда за ова лето која ја приреди локалната самоуправа на Крива Паланка. Продолжуваат традиционалните манифестации, како Меѓународната ликовна колонија која се одржува во манастирот св. Јоаким Осоговски, Интернационалниот фолклорен фестивал кој го носи името на светецот – закрилник на градот, како и бројни настани од културата, изложби, промоции на книги и поетски читања, кои ќе ги организираат националната установа Центар за култура и Локална установа „Градски музеј“, Крива Паланка, додаде Алексовски.

Фестивалот од отворен тип започна на 16 јуни, со настапи на интернационалните уметници во главниот град Скопје, кои својата десетдневна програма ја претставија во повеќе градови ширум Македонија.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка