Аутизмот поврзан со аерозагадувањето

Од:

Децата кои во матката или во првата година од животот се изложени на големо аерозагадување од сообраќајно потекло, се под поголем ризик да бидат аутистични, утврдија американските експерти од Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Овие наоди ги поткрепуваат резултатите на некои претходни студии, кои го доведоа во врска ризикот од аутизам со тоа колку близу до автопатот живее детето.

Во последните години се зголемила зачестеноста на аутизмот меѓу американските деца и денес од тоа пореметување страда едно на 88 деца.

Една од учесничките на калифорниската студија, Хедер Волк, истакнува дека истражувањето на влијанието на околината на развојот на аутизмот се уште не е доволно проучено.

Волк и нејзините колеги наместо оддалеченоста од сообраќајниците, го зеле предвид нивото на сообраќајната загаденост на воздухот во околината на куќите на околу 500 деца опфатени со истражувањето.

Утврдено е дека кај аутистичните деца постои речиси два пати поголема веројатност отколку кај останатите, дека за време на развојот во матката биле изложени на сообраќајно аерозагадување од највисок степен (особено азотот диоксид од издувните гасови).

Веројатноста дека биле изложени на највисок степен на загадување во текот на првата година била околу три пати поголема отколку кај останатите деца.

Калифорнискиот тим истакнува дека нивната стуија не докажува дека загадувањето на воздухот од сообраќајот е директна причина на аутизмот, но дека секако е ризичен фактор за тоа пореметување, какво што би можело евентуално да биде и домашното загадување на воздухот и пасивното пушење.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска