Атентатот врз надвојводата Франц Фердинанд од пред 100 години

Од:

На 28 јуни 1914 година, српски тинејџер националист пукал во надвојводата Франц Фердинанд и неговата жена Софија, додека поворката со автомобили се движела по улиците на Сараево. Фердинанд, наследникот на австро-унгарскиот трон, не бил посебно сакан во аристрократските кругови. Без разлика на тоа, неговата смрт предизвика верижна реакција на настани кои кулминираа со избувнување на Првата светска војна.

Вљубениот Фердинанд ја избрал Софија за жена во 1900 година и покрај противењето на неговиот вујко, автро-унгарскиот цар Франц Јозеф, кој одбил да присуствува на нивната свадба. Без дикректно благородничко потекло, Софија потекнувала од не толку угледно чешко семејство, а не од владејачка или поранешна владејачка династија во Европа. Заради тоа, таа и децата на Фердинанд биле прогласени за непожелни за на тронот. Софија исто така станала жртва на безбројни сплетки. На царските банкети, на пример, таа во секоја простоирја влегувала последна, без придружба, а потоа на трпезата била сместувана подалеку од нејзиниот сопруг.

И покрај пречката со неговиот брак, Фердинанд останал наследник на Франц Јозеф и главен генерален инспектор на војската. Со таквата позиција, тој се согласил да присуствува на серија воени вежби во јуни 1914 година во Босна и Херцеговина. Австро-Унгарија ги анектирала овие провинции неколку години претходно и против волјата на соседна Србија, која исто така сметала дека има право на нив. Фердинанд ги сметал Србите за „свињи“, „крадци“, „убијци“ и „измамници“.

Но, тој се спротивставил на анексијата од страв дека тоа уште повеќе ќе ја влоши веќе зовриената политичка ситуација во Европа. Претходно додека била под отоманска управа, населението во Босна и Херцеговина го сочинувале околу 40 проценти Срби, 30 проценти Муслимани, 20 проценти Хрвати, а остатокот биле други етнички заедници.

Откако дознале за претстојната посета на Фердинанд, тајното револуционерно друштво Млада Босна, составено од студенти селани, почнале да планираат атентат врз него. Во мај таа година, Гаврило Прнцип, Трифко Грабеж и Недељко Чабриновиќ отпатувале во престолнината на Србија, Белград, каде добиле шест рачни бомби, четири полуавтоматски пиштоли и капсули со цијанид за самоубиство од членовите на таканаречената Црна рака, терористичка група која имала блиски врски со српската војска.

Откако вежбале пукање со пиштол во парк во Белград, тројцата млади Босанци тргнале назад за Босна и Херцеговина и на тој пат добиле помош од сојузници на Црна рака при шверцување на оружјето преку границата. До денес останува нејасно дали српската влада учествувала во овој заговор.

Фердинанд и Софија го напуштиле нивниот замок и на 23 јуни тргнале кон Босна и Херцеговина. Добиле неколку предупредувања да се откажат од патот, а надбискупот знаел дека постоела потенцијална опасност по нивните животи.

– Нашето патување започна со голем шредупредувачки знак, наводно рекол тој откако се прегреал моторот на нивниот автомобил. – Ни се запали автомобилот, а подолу ќе почнат и да фрлаат бомби по нас.

Откако пристигнале во бања оддалечено неколку километри од главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, Фердинанд присуствувал на дводневната воена вежба, додека Софија посетувала училишта и сиропиталишта. На заминување, двојката попладнето отишла да ги посети пазарите во Сараево. Таму привлеке големо внимание, но наводно биле добро и љубезно дочекани.

Потоа следувал банкет со религиозни и политички личности, и веќе следниот ден Фердинанд и Софија требало да си заминат дома. Тоа утро, на 28 јуни, надвојводата испратил писмо до неговиот најстар син во кое му честитал за полагањето на последниот испит. Потоа тој и Софија се качиле во воз на кратко патување до Сараево.

Тогаш на Софија и дозволиле да оди заедно покрај Фердинанд на кратката инспекција на војската, по што двојката се качиле во отворен автомобил и тргнале кон градското собрание. Во автомобилот пред нив требало да има шестмина специјално обучени офицери, но наместо тоа имало еден, плус тројца локални полицајци. Всушност, за време на маршрутата австро-унгарската делегација повеќе се фокусирала на тоа што ќе има на вечерното мени, отколку за безбедноста.

Во меѓувреме, седумината млади Босанци се распоредиле долж Апеловиот кеј, главната авенија во Сараево, која оди паралелно со реката Миљацка. Кога поворката поминувала, рутата била јавно објавена, а Чабриновиќ прашал во кој автомобил се вози надвојводата. Потоа ги фрлил бомбите врз автомобилот, но тие се одбиле од собраниот покрив и паднале врз погрешно возило. Експлозијата повредила двајца воени офицери и неколку цивили, но Фердинанд и Софија останле неповредени. Чабриновиќ скокнал во пресушеното корито на реката и направил обид да се самоубие пред да биде уапсен.

– Јас сум српски херој, наводно викнал кон полцијата која го бркала. Најмалку двајца други младобосанци имале добар пристап до надвојводата, но наводно се исплашиле да го изршат атентатот.

Наместо итно да замине од Сараево, Фердинанд решил да продлжи со планираниот настан во градското собрание. Откако приемот и вечерата завршиле, тој побарал да ги посети повредените војници во болница. Со цел да се избегнат други бомбашки напади, авенијата Апелов кеј била затворена и поворката минала со голема брзина. Сепак, по грешка првите три возла свртеле во мала уличка каде случајно стоел Гаврило Принцип. Кога возилата се обидувале да се вратат на главната улица, Принцип го извдил пиштолот и одблиску испалил два истрели кон надвојводата и го погодил во вратот, а Софија ја погодил во стомакот.

– Софија, Софија, не умирај – остани жива за нашите деца, промрморел Фердинанд. Сепак, за неколку минути и двајцата починале. 19-годишниот Принцип, кој одбил да скужи војска, бил фатен и подоцна признал дека го убил Фердинанд, но рекол и дека немал намера да ја погоди Софија. Затоа што бил три недели премлад за да му биде изречена смртна казна, му биле пресудени 20 години затворска казна, но добил туберкулоза и починал во затвор во април 1918, само што наполнил 23 години.

Тензиите и онака веќе биле големи меѓу европските сили, а атентатот придонел таквата сосотјба брзо да прерасне во Првата светска војна. Австро-Унгарија ја добила подршката од Германија за жестоко казнување на Србија. Потоа на Србија и бил испратен ултиматум во кој немало шанси за отстапки. Србија предложила арбитража за да се испита атентатот, но Австро-Унгарија наместо тоа и објавила војна на 28 јули 1914 година, точно еден месец по смртта на Фердинанд.

Веќе следната недела, Германија, Русија, Франција, Црна Гора и Велика Британија биле вовлечени во војна, а другите земји, како САД, подоцна се приклучиле. Повеќе од девет милиони војници и скоро толку цивили загинале во борбите кои траеле до 1918 година. 

History.com

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ