Астероид поголем од Кеопсовата пирамида, се приближува кон Земјата

Од:

Потенцијално опасен астероид поголем од Кеопсовата пирамида, ќе ѝ се доближи на планетата Земја кон крајот на август, соопштија стручни лица од НАСА.

Дијаметарот на астероидот „2019 ОУ1“ е 160 метри, што е за 20 метри поголем од оној на најпознатата египетска пирамида. На 28 август, „2019 ОУ1“ ќе биде на растојание од окоу еден милион километри.

Европската вселенска агенција неодамна го ажурираше списокот на небесни тела коишто претставуваат потенцијална опасност за Земјата. Од нив, годинава најблизу ќе мине астероидот „2006-ку-ве-89“, на 9 септември. Веројатноста за судир е 1:7000.

На листата потенцијално опасни астероиди, на прво место е астероидот „2010-РФ-12“, за којшто се претпоставува дека во 2095 година ќе се приближи кон Земјата. Веројатноста од судир тука засега е 1:16.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Астероид од 160 метри се движи кон орбитата на Земјата

Предраг Петровиќ

Огромен астероид ќе помине многу блиску до Земјата во текот на викендот

Ана Ололовска

Откритие кое менува се: Дали животот на Земјата е дојден од вселената

ВИДЕО: Астериод експлодираше над Англискиот канал, го осветли небото од Велс до Париз

Астероид помина во близина на Земјата