Астероид кој се движи кон Земјата може да ги направи сите милијардери

Од:

НАСА започна мисија за проучување на астероид за кој се верува дека содржи толку многу скапоцени метали што сите на Земјата би биле милијардери. Богатството што го „носи“ тоа небесно тело се проценува на околу 10.000 милијарди долари.

Откриен во март 1852 година, астеродиот е широк 200 километри. Еден век и половона по откритието, астероидот ќе биде во фокусот на проектот на НАСА, кој се очекува да започне во август 2022 година.

Леталото на американската агенција за истражување на вселената на дестинацијата би требало да стигне четири години подоцна, односно во 2026 година.

Ова ќе биде прво истражување на метали наместо камен и мраз, што е вообичаена практика во мисиите на небесните тела.

„За разлика од повеќето други астероиди што се карпи или ледени тела, научниците сметаат дека (металниот) астероид наречен „Психа 16“ се состои главно од железо и никел слични на оние што се наоѓаат на Земјата“, вели НАСА.

Астероидот се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер. Се верува дека дел од протопланетата била уништена од бројни судири со други тела за време на формирањето на Сончевиот систем.

Целта е да се реши мистеријата за потеклото на астероидот „Психа 16“.

Тим во Калифорнија изработи мапа за температура која ќе им помогне на експертите на НАСА подобро да ги разберат својствата на површината на астероидот. Инфрацрвените слики на небесните тела обично даваат само фрагмент од податоците еквивалентни на еден пиксел, но истражувачите се надеваат на резолуција од 50 пиксели.

„Наодите се огромен чекор кон решавање на мистеријата за потеклото на овој необичен објект, за кој некои мислеа дека е дел од јадрото на протопланетата што немаше среќа“, велат истражувачите задолжени за неодамнешните студии.

Откриле дека површината на астероидот е најмалку 30 проценти метал, а површинските карпи содржат и помали парчиња метал.

Врз основа на снимките направени од телескопот Хабл, се проценува дека вредноста на скапоцените метали на астероидот е околу 10.000 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега