Компанијата „Apple“ неодамна соопшти дека почнувајќи од оваа година кога потрошувачите ќе купат некоја апликација на еден од нејзините платформи истите ќе можат да ги користат и на другите уреди.
Експеритите веруваат дека новата политика на компанијата ќе ги доближи корисниците се повеќе да ги користат иновациите на „Apple“ преку една унифицирана платформа.
Оваа компанија не е првата која има намера да го напушти процесорот на Интел.
Во 2018 година, „Microsoft“ го додаде „ARM“ процесорот кој овозможува пристап до „Windows“.
Само неколку месеци подоцна, „Microsoft“ го претстави својот најдобар таблет „Surface Pro X“ кој ја користи новата платформа.
Овој модел на таблет успеа да ги престигне сите негови претходници со неговите карактеристики: долготрајна батерија, ултра-тенкиот дизајн и немањето на ладилник.
Преку процесот на „Емулација“, компанијата „Microsoft“ дава пристап да се користат постарите апликации на новите таблети, што предизвика позитивни реакции од корисниците кои сакаат старите алатки да ги користат на новите уреди.
Доколку „Apple“ реши новите лаптопи да ги префрли на „ARM“ процесорот, корисниците ќе добијат пристап до голема листа на апликации кои во минатото ги користеле на различни уреди со постари платформи.