Apple има во план да лансира две верзии на уредот „iPhone“. Станува збор за два „смартфони“ со кодни имиња „iPhone Zenvo“ и „iPhone Zagato/Bertone“.
Двата уреди според информациите кои се појавија ќе имаат екрани од 4 инчи и ќе бидат достапни во неколку бои.
Се очекува моделот „Zenovo“ да има „dual core“ процесор на Самсунг и 1GB RAM, а додека пак моделот „Zagato/Bertone“ ќе има неидентификува „H6P“ процесор и поддршка за „TDD-LTE“.
Кога е дизајнот во прашање уредите би требало според изгледот да бидат слични на моделот „iPhone 5“, a доколку спецификациите се точни тие би можеле да бидат евтините телефони за кои со месеци се шпекулира. Сепак постои мала разлика во имињата, затоа што се очекуваше евтините телефони да се нарекуваат „iPhone Mini“.