Апликација за мобилен ќе филтрира вода

Од:

Компанијата Zuvo Water разработе концепт за подобрување на квалитетот на водата за пиење, на посебен уред за нејзино филтритање, во комбинација со апликација за мобилни телефони, што користи облачни услуги.

Самото прочистување ќе се спроведува од специјален уред на Zuvo Water. Тој ќе се нуди во верзија за вградување (во орманот под чешма) или компактен модел за ставање до самата чешма.

За филтрирање на водата се користи комбинација на озон, ултравиолетова светлина и јаглероден филтер. Процесот е поделен на пет фази. Самиот уред се самопрочистува и го елиминира формирањето на бактерии.

Во системот е вграден и WiFi модул, кој се поврзува на интернет и црпи информации од базата на податоци на Zuvo во облакот. На овој начин се создаваат статистики за потрошувачката, состојбата на филтерот и други фактори.

Сите информации се огранизираат и испраќаат до смартфонот на корисникот, на кој е инсталирана специјалната апликација на компанијата. Од него тој ќе добива информации во реално време, здравствени и практични совети, информации за квалитетот на водата и др.

Проектот сеуште бира финансирање, откако има потреба од 50.000 долари. Досега се собрани нешто повеќе од 30 илјади, а остануваат 49 дена до крајот на рокот за собирање на средствата.

Првите примероци од системот се очекуваат на пазарот во јуни годинава. Цената ќе биде од 80 долари и нагоре, во зависност од типот на чешмата.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ