Апликациите во 2014 заработиле повеќе од Холивуд

Од:

Финансискиот извештај за 2014 година покажува дека програмерите што произведуваат апликации за иОС заработиле вкупно 10 милијарди долари, што е повеќе од заработката на сите филмови со холивудска продукција.

Игрите како „Енгри Брдс“ и мобилната верзија на „Фејсбук“ на своите програмери им носат поголема заработка од холивудските актери.

Од 2008 година досега апликациите од Апп Стор заработиле вкупно 25 милијарди долари, додека цена на апликациите расте за 50 проценти на годишно ниво.

Податоците на компанијата „Асумко“ покажуваат дека оредени програмери може да заработат повеќе и од холивудските актери. „Асумко“ нагласува дека во истражувањето не се вклучени податоците за Андроид апликациите.

Годинава изгледа уште подобро за програмерите, откако корисниците на иТјунс во првата недела на јануари портрошиле вкупно 500 милиони долари за купување на апликации.

Според „Епл“ најпопуларна апликација што бара плаќање е „Мајнкрафт“, додека меѓубесплатните најчесто преземана апликација е „Фејсбук Месинџер“.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ