Кристијан Улрих Ларсен го претстави новиот андроид телефон кој се преклопува и има три дисплеи.
Овој андроид е со таков дизајн што нема да го почувствувате во џебот, а има три флексибилни AMOLED екрани чувствителни на допир.
”Flip Phone” е различен од другите смарт телефони на интеракцијата помеѓу физичкиот дел на телефонот и она што се прикажува на екранот.
Овој “Flip Phone” кој е дизајниран од страна на тимот на Кристијан Улрих Ларсен, може да ја менува својата форма и изглед. Се појавува како шатор, се враќа во нормалната состојба на телефон со еден дисплеј, а може и да земе облик на мала книга или бележник.