Гугл оперативниот систем Андроид се наоѓа на околу 85 отсто од сите продадени смартфони во светот во второто тримесечје од годината, што претставува нов рекорд, објави истражувачката компанија Стратеџи Аналитикс.
Од околу 295 милиони уреди продадени во светот во второто тримесечје од годината околу 250 милиони користат некоја верзија на Андроид.
Пазарот на Андроид телефони се уште е многу разновиден, бидејќи Гугл овозможува голем број компании, меѓу кои и светскиот лидер Самсунг да го користат оперативниот систем на своите мобилни телефони.
Епл со иОС е на второ место со 11,9 отсто пазарен удел. Трето место е Мајкрософт Виндоус Фоун со само 2,7 проценти.