Google е подготвен да ја пушти во употреба новата верзија на мобилниот оперативен систем Android 5.0, која ќе го носи името Key Lime Pie.
За него се зборуваше дека ќе излезе во март оваа година но е одложен веројатно за во октомври и ќе го следи Android 4.3 Jelly Bean во хиерархиски развој.
Во октомври се очекува конечно да го видиме Motorola X, Nexus 5, a освен него први со Android 5.0 ќе бидат и Galaxy S4 и HTC One.
Key Lime Pie ќе биде оптимизиран за работа со широк спектар на уреди, дури и такви со 512MB RAM и практично ќе ги има барањата на Gingerbread Android 2.3 од 2010-та, со што ќе може да се користи и на постарите модели.