Американскиот огномет влезе во Гинисовата книга на рекорди

Од:

Најголемиот огномет во историјата, составен од 840.537 пиротехнички направи, го изведоа американските компании „Фридом 250“ и „Питотекнико, Инк“ на настан организиран оваа година од „Ивент стратеџис инк“ во Вашингтон за да се прослави американскиот национален празник 4 Jули, објави веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди.

Пред овогодинешното одбележување на Денот на независноста на САД, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека овогодинешното одбележување ќе заврши со најголемиот огномет во историјата.

Оваа година, САД го одбележаа Денот на независноста и 250-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за независност.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран