Изјавата на Џеф Сешонс, кого новиот американски претседател Доналд Трамп го номинира за јавен обвинител на САД, дека планира ригорозно спроведување на американските закони против развратот, ги поттикна дилемите дали таквите мерки ќе се одразат врз американската порно индустријата.
Стравувањата за можна забрана на порно индустријата во САД следуваат откако во април минатата година, американската сојузна држава Јута ја прогласи порнографијата за „штетна и за закана за јавното здравје“, која меѓу другото, „создава и зависност“.
Кон крајот на минатата година Јужна Каролина го разгледуваше амандман со кој би се принудиле произведувачите на електронска орпема да инсталираат софтвер за блокирање на порно содржини на сите новопроизведени уреди во оваа сојузна држава.
Републиканските законодавци веќе долго време водат борба против порнографијата, истакнувајќи дека таа придонесува за поттикнување на трговијата со луѓе и деца и за насилното однесување на мажие, како и дека е причина за голем број пропаднати бракови.