Имено, „Алкател“ го најави својот смартфон „Идол 4С“, кој ќе биде наследник на исклучително успешниот модел „Идол 3“.
Се работи за уред кој чини до 399.99 долари.
Компанијата, пластичното куќиште на „Идол 3“ го замени со комбинација од стакло и метал, што на „Идол 4С“ му дава модерен и елегантен изглед, кој потсетува на „Самсунг Галакси С7“.
Уредот користи оперативен систем Андроид 6.0.1 Маршмалоу со интерфејс на „Алкател“.
Смартфонот поседува 5,6 инчен Квад ХД АМОЛЕД екран со благо заоблени рабови, 32 гигабајти интерна меморија, микро СД слот кој поддржува картичка до 200 гигабајти меморија, два СИМ слота, 3 гигабајти РАМ и батерија од 3.000 милиампер часови.
Единствен недостиг би можел да биде просечниот процесор Куалком Снепдрагон 652 со осум јадра, кој е далеку зад процесорот Снепдрагон 820, кој е дел од секој овогодишен уред со Андроид од премиум сегментот. Смартфонот дефинитивно одлично ќе функционира при стандардна употреба, но допрва ќе се види какво ќе биде искуството во виртуелната реалност.
Над и под екранот на предната страна има два звучници од 3,6 вати, а на задната страна под камерата има сензор за отисок од прст.
Кога станува збор за камерите, напред се наоѓа камера од 8, а назад од 16 мегапиксели со автофокусирање и можност за снимање на 4К видеа.