Актерот од „Дневниците на Чернобил” пронајден мртов

Од:

Глумецот Димитри Дијаченко, најпознат по улогата на Ури во филмот „Дневниците на Чернобил” (Chernobyl Diaries), викендов е пронаjден мртов во својата куќа на Флорида. Причина за смртта на американскиот глумец, според првичните информации, најверојатно е срцев удар.

Неговите соработници сведочат дека тој пред извесно време се повредил на работа и заздравувал од последици од струен удар, се наведува во полицискиот извештај.

Дијаченко е роден во 1968 година, во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Татко му е по потекло Украинец, а мајка му од Шведска. Освен во „Дневниците на Чернобил” (2012), тој беше познат и по своите улоги во бројни познати серии како то се „Коски”, „Две девојки без пари” „Како ја запознав мајка ви” и „ЦСИ: Мајами”.

Пред пет години стана познат по својата контроверзност… На својата поранешна девојка ѝ испраќал слики од нивниот домашен зајак убиен и зготвен. Дијаченко тоа го направил како одмазда за раскинувањето, и за тоа беше осуден на 60 дена општокорисна работа.

Би можело да ве интересира

Џејми Ли Кертис: Можеби домот ми гори, моето семејство е безбедно, многу пријатели ќе ги загубат домовите

А1он

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ