Акилдиз: Младите да ја истражуваат 5 G технологијата

Од:

Младите генерации во Македонија треба да се занимаваат со истражувања поврзани со 5G технологијата, оценува професор Јан Акилдиз од Универзитетот ЏорџиаТек, САД учесник на работилницата „FutureComNet 2015 година: традиција во следење на иновативните решенија и стратешки определби во телекомуникациите“, што се одржа денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Професор Акилдиз одржа предавање за развојот на мрежните архитектури кај секојдневните целуларни безжични мрежи (GSM, 3G, 4G) и даде насоки за нивниот можен иден развој.

– Денес говорам за 5G технологијата, најновата генерација мобилни целуларни системи. Се надевам тоа ќе побуди сериозен интерес кај младите да се занимаваат со истражувања во оваа област, која се уште е во фаза на истражување и ќе биде актуелна по 2020 година, рече професор Акилдиз пред да го одржи своето предавање по повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество (17 мај).

М-р Даниел Денковски, најдобар млад научник за 2014 година избран од претседателот на РМ, одржа предавање за теоретските аспекти на проблемот на локализација на безжични примопредаватели со користење мерни сензори чии локации имаат одредена мерна несигурност.

Според Денковски, дигитализацијата овозможила нови парадигми во светот на телекомуникациите, од нови мрежни решенија до најнови сервиси и апликации за крајните корисници.

– Дигиталните телекомуникации се главен двигател на модерното информациско општество во кое основа за секојдневно функционирање на професионален, но и на приватен план, станува потребата за добивање, споделување и искористување на информациите. Безжичните мрежи, како интегрален дел од телекомуникациите и пристапна точка спрема глобалната Интернет мрежа, овозможуваат безжична поврзаност насекаде и во секое време. Локализацијата на корисниците нуди можности за реализација на идни и напредни кориснички–ориентирани и локализациски сервиси и апликации, рече Денковски.

Работилницата „FutureComNet“ се организира на иницијатива на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ за да се одбележи Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество.

Би можело да ве интересира

Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Жарко Настоски

Кина ќе го зголеми вложувањето во технологија за да постигне повисок раст

Жарко Настоски

Гугл: Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

А1он

Компанијата на Илон Маск развива мозочен чип кој ќе може да го промени нашето расположение

А1он

5G технологијата станува реалност, Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици до крајот на годината

А1он

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он