„Ајфон 7“ ќе има копче „дома“ чувствително на допир

Од:

Периодот на очекување на новиот „Ајфон“ наскоро ќе заврши, но и натаму проодлжуваат да се објавуваат нови информации околу неговиот изглед и карактеристики.

Така, според „Блумберг“, „АјФон 7“ ќе има ново копче „дома“ чувствително на допир.

Новото копче нема да има функција на физички клик, туку ќе користи технологија слична на Форс тач и 3Д тач технологиите, кои ги има на новиот „Mекбук“ и „Ајфон 6С“, за да се симулира чувството на притискање.

Постојат неколку предности на новото копче. Тоа е неподвижно, така што „Ајфон“ ќе има помалку механички делови, со што се намалува ризикот од дефекти. Исто така, предност е тоа што се спречува влез на вода и прашина.

„Ајфон 6С“ всушност е отпорен на вода, иако тоа „Епл“ никогаш не го наведуваше во своите реклами.

Ако се земе предвид новото копче и немањето на стандарден влез за слушалки, тогаш може да се очекува дека „Епл“ ќе ја искористи водоотпорноста на новиот „Ајфон“ во неговата промоција.

Блумберг наведува дека поголемиот модел на „Ајфон 7“, кој ќе се вика „Ајфон 7 Плус“, ќе има камера со две леќи на задниот дел. Секоја камера ќе ги снима боите на поинаков начин, така што фотографиите ќе бидат поостри, дури и при зумирање. 
„Епл“ новиот „Ајфон“ ќе го претстави на почетокот на септември, кога е можно да се појави и „Епл Воч 2“. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ