„Ајфон 6С“ ќе може да се полни и безжично

Од:

 Безжичното полнење е една од карактеристиките на идниот „Ајфон 7“ на Епл, но таа можност сега ја има и „Ајфон 6С“. 

Безжичното полнење е овозможено благодарение на база која ќе го наполни телефонот додека е споена со смартфонот со помош на додаток за овој уред и магнети. Базата под името „Џус Пек“ на компанијата „Мофи“ се поставува на вертикална површина, каде стои стабилно, а смартфонот лесно има пристап.

Додатокот за „Ајфон“ нуди дополнителни 50 отсто батерии и е потребен за безжично полнење. Верзијата за „Ајфон 6“ чини 100 долари и вклучува база за полнење, додека додатокот за „Ајфон 6 Плус“’ чини 129 долари. Адаптерите за на ѕид и за во автомобили чинат 59 долари.

Се вкупно комплетот за безжично полнење чини над 200 долари. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ