36 интересни факти за Андроидите

Од:

Во морето на паметните уреди доминираат две крупни риби Епл, ИОС и Андроид на Гугл. Додека ИОС е затворен и означен како култ, Андроид е многу поотворен и има многу следбеници, кои не се ништо помалку фанатично посветени на овој оперативен систем.

По неколку книги и холивудски остварувања многу интересни легенди и приказни се откриени за Епл и ИОС, меѓутоа и Андроид има свои тајни кои можеби не сте ги знаеле. Ви откриваме 36 занимливости и слабо познати факти за Андроид:

1. Андроид е робот кој потсетува на маж, додека Гиноид е неговата поубава женска половина.

2. Nexus One е пратен во вселената за да контролира помал сателит.

3. ADB (Android Debug Bridge) се користи за поврзување на Андроид уреди и компјутери во девелоперски цели.

4. Amazon Kindle Fire се уреди кои користат прилагодена верзија на Андроид (Fire OS) која нема Гугл апликации.

5. Android 4.4 aka. KiKat требало да се вика Lime Pie пред да биде лансиран.

6. Андроид апликациите вообичаено се пишуваат во Јава, со помош на Android SDK или во C/C++ користејќи Android NDK.

7. Андроид автоматски убива апликации кога се со ниски ресурси, па така рачните Task-Killeri не се потребни.

8. Андроид се темели на опен соурс на оперативниот систем Линукс.

9. Андроид на ТВ сега е познат како Андроид ТВ, Андроид во часовниците како Android Wear, а во автомобилите како Андроид Ауто.

10. Андроид во 2003 го основале тим на девелопери, вклучувајќи го Енди Рабин, кој го развил T-Mobile SideKick.

11. Андроид оригинално бил замислен како платформа за паметни дигитални камери, а не за смартфони.

12. Имињата на Андроид на колачите почнале од верзијата 1.5 која се викала Cupcake.

13. Developer Mode на Андроид уредите се отвара по 7 кликови на табот About.

14. Секоја верзија на Андроид има велигденско јајце, кое се прикажува со континуирано притискање на бројот на верзијата во секцијата About.

15. Во 2011 Гугл го купи производителот на Андроид уреди, Моторола, пред да ја продаде на компанијата Леново во 2014 година.

16. Гугл го откупи Android Inc. по необјавена сума, која не е помала од 50 милиони американски долари.

17. Првиот Нексус таблет на Гугл од 2012 година беше Нексус 7 произведен во Асус, кој е апдејтуван во 2013 година.

18. Скот Хорн од Мајкрософт изјави дека Андроид не претставува никаква закана. (Колку само погрешил).

19. Нокиа, независна од Мајкрософт има Андроид таблет Н1, со комплетен софтвер на Гугл.

20. Нокиа под Мајкрософт исрфли два Андроидни смартфони, Нокиа Икс и Нокиа Икс Ел.

21. Најголемо влијание на траење на батеријата имаат опциите Location и History. Исклучете ги за поголема издржливост.

22. Еден од првите прототипи на Андроид телефоните го произведе ХТЦ. Личеле на Блекбери и имале тастатура.

23. Една од најдобрите функции на Андроид е споделување на податоци меѓу апликациите. Овој механизам се нарекува Интентс, т.е. Цел.

24. Од продавниците на Гугл Плеј се симнати над 60 милијарди апликации.

25. Вработените во Гугл, Андроид логото интерно го нарекуваат Bugdroid.

26. Корисничкиот интерфејс на Андроид смартфоните првпат бил ремонтиран со издавање на 4,4, Ice Crean Sandwitch и SOLO верзијата.

27. Првиот уред со Андроид ОС, Т-Моbile G1 во HTC имал интерен прекар HTC san.

28. Android Wear паметен часовник – Moто 360 го користи стариот TI OMAP процесор, кој може да се најде и во Гугл очилата.

29. Еден од омилените смартфони на Андроид фановите, Нексус Уан, беше варијација на широко популарниот модел HTC Desire.

30. Open source делот на Андроид се вика AOSP (Android Open Source Project).

31. Отвореноста на Андроид ОС, резултираше со создавање на напредно РОМ движење, чии корисници инсталираа персонализиран софтвер на своите уреди.

32. Претходникот на Android TV беше Google TV, кој пропадна наспроти поддршката на големите играчи како Логитеч и Сони.

33. Процесот за добивање на целосен пристап на сите функции на уредите е наречен rooting.

34. Верзијата 3.0 на Андроид позната како HoneyComb, направена е специјално за таблет уреди и никогаш не била достапна на смартфоните.

35. Кога Гугл интерно ги тестира своите апликации, овој процес го нарекува dogfooding – ранење на пес.

36. Додека многу уреди на Андроид работат со АРМ процесори, Андроид исто така може да се користи и со процесор на Интел х86.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ