350 години стара мистерија

Од:

Англискиот воен брод Лондон, натоварен со топови и барут пловел по Темза во 1665 година за да се бори во Англискиот канал против Холанѓаните. Но, бродот никогаш не дошол до целта, а 300 војници засекогаш исчезнаа во дното на морето.

Денес, 350 години по последната пловидба, археолозите се подготвуваат да го обноват судбоносниот предмет од остатоците кои би можеле да откријат што се случило со бродот во неговите последни моменти на пловење и поради што дошло до експлозија.

Во операцијата која е закажана за 12 август, нуркачите планираат да ја извлечат совршено сочувана дрвена топовска кола која е единствен дел од поморската опрема пронајдена на потонатиот брод.

– Станува збор за подморска локација од големо историско значење, бидејќи остатоци од потонати бродови во 17-от век се исклучително ретки. Ова е единствен пример од потонатиот брод кој на некој начин ја преживеа експлозијата, односно, од која нешто и останало, рече Чарлс Тролоп, историчар на оружје за Индипендент.

Воениот брод Лондон имал 76 топови, а бил изграден за морнарицата на Оливер Кромвел.

Топовската кола ќе ја извлекуваат нукрачите со кран од 20 тони, а тоа ќе биде најголема поморска археолошка операција во Велика Британија во последните две децении.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ