14. Виенски бал на 23 март во Скопје

Од:

Здружението за културна соработка „Јохан Штраус” на 23 март ќе го организира 14. Виенски бал, кој ќе се одржи во х. „Александар палас“ под покровителство на Австриската амбасада во Скопје.

–  На балот оваа година ќе настапат стотина врвни уметници. Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на музиката на Штраус, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена. Како и секоја година, дрес-кодот на балот е задолжителен: долги тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата, соопшти организаторот на Виенскиот бал.

vienski-bal-086

Ќе настапат триесет професионални музичари-инструменталисти од Оркестарот „Јохан Штраус“ под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар и  танчари на „Прима данца“.

Џон Илија Апелгрен ќе изведе странски евергрини, а македонски  евергини ќе изведат Андријана Јаневска, Дарио и Драган Мијалковски. Во програмата на балот ќе учествуваат и Петар Ренџов, Наде Талевска и Арт-бенд (бендот на Тоше Проески). Ќе биде одржан и моден перформанс, а  изненадување за присутните ќе биде  настапот на неколку танцови двојки од шоуто „Танц со ѕвездите”.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот