Аналитичарите на компанијата “Jefferies & Company”, обраќајќи им се на своите клиенти, го искажаа нивното видување за ситуацијата на пазарот на паметни телефони, која ќе се случи во наредните неколку месеци.
Според истражувањето, кое го водеше Питер Мисек, Самсунг во наредниот период на пазарот ќе испорача околу 100 милиони уреди од новиот Galaxy S4.
На тој начин, компанијата Самсунг ќе проба да го успори производството на iPhone-от, бидејќи за да испорача толкава количина на паметни телефони, ќе ги ангажира постојаните, но и нови компании и капацитети, кои ќе работат на производство на склопување на Galaxy S4.