Зорица Чавкова: Обвинителството беше известено за новата адреса на татко ми

Од:

Зорица Чавкова, ќерката на притворениот ексдиректор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, изнесе пишан документ со печат дека Јавното обвинителство всушност било известено за новата адреса на живеење на Митко Чавков.

Во документот кој е доставен до ЈО на 15 демекври 2017 година сопругата на Чавков, Јасмина Чавкова, ја информира надлежната обвинителка, Јулијана Спасова за новата адреса на живеење на семејството.

-Ве известуваме дека адреса во моментот на живеење ни е на ул. Кресна населба Лисиче, наместо ул. Столе Попов, Центар – стои во писмото на Јасмина Чавкова.

-За адресата на татко ми се известени на 15.12.2017 година. Спин дека е тепач, спин дека самоволно одредил каде ќе ја извршува мерката домашен притвор, спин дека доживеал инфаркт, игнорирање на неговата здравствена состојба, на добар пат сте да ми го уништите семејството – напиша Зорица Чавкова на социјалните мрежи.

Инаку, според информациите од МВР, откако Митко Чавков на 27 март бил пуштен во куќен притвор, истата вечер полицајци од Полициската станица Центар направиле две контроли во 18 и 20:30 часот по што не го пронашле Чавков на пријавената адреса.

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев изјави дека Чавков самоволно одлучил изречениот куќен притвор да го издржува на друга адреса и тоа го имале предвид судиите кога ја донеле одлуката домашниот притвор да му биде заменет со затворски притвор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија