Зоолошката градина доби ново забавно-едукативно катче

Од:

Зоолошката градина во Скопје доби ново забавно-едукативно катче „Еко – Зоо градина“ кое е донација од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров.

Еко катчето е составено од атрактивни експонати на животни како жирафа, зебра, мајмун, мечка и многу други направени од стари гуми, пластични шишиња и други рециклирачки материјали.

– Децата добија атрактивен простор кој ќе ги привлекува најмладите, но и оние повозрасните.  Оваа креативна работилница на која се работеше месец ипол ќе биде само дел од низата проекти што ќе ги реализира градинката „Росица“ во следниот период, истакна денеска директорката на градинката Ана Серафимовска.

Би можело да ве интересира

Нема да поскапи билетот за ЗОО, се отвори прашањето дали в.д. директорот е законски поставен

Кристијан Ландов

Ограбена скопската Зоолошка градина

Скопска зоолошка добива Бејби Зоо

Ана Ололовска

Зоолошка градина Скопје донираше 100 илјади денари за Сара, покрај собраните 50 илјади на хуманитарната забава

Наум Локоски

Зоолошката градина Скопје со кампања за заштита на животните

Наум Локоски

Зоолошката градина во Штип доби мече

Ана Ололовска