Зоолошка градина Скопје го поднови својот возен парк со првото електрично возило, а во иднина во план е замена на сите возила со електрични.
Благодарение на фирмата „Брегал Доо“ – Делчево, Зоолошка градина Скопје добива електричен еко мини бус за прошетки во зимскиот период.
Директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на „Брегал“ склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.
Новиот еко бус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри. Во зимскиот период, посетителите ќе може да прошетаат низ Зоолошката градина движејќи се со електричното еколошко возило.